skip to Main Content

Болтон: САД со воодушевување ќе поддржи брегзит без договор

Болтон: САД со воодушевување ќе поддржи брегзит без договор
  • 13.08.2019

САД со воодушевување ќе поддржат Брегзит без договор ако така одлучи британската влада, изјави американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон.

-Ако тоа е одлука на британската влада, ние со воодушевување ќе ја поддржиме, изјави Болтон кој ја започна дводневната посета на Лондон со средбата со британскиот премиер Борис Џонсон.

Џонсон сака повторно да преговара за условите на Брегзит со ЕУ пред крајниот рок на 31 октомври, но Унијата вели дека нема да биде изменет делот од договорот, за кој британскиот премиер вели дека мора да биде променет.

Болтон му рекол на Џонсон дека американскиот претседател Доналд Трамп сака да го види успешниот излез на Велика Британија од ЕУ на 31 октомври и дека Вашингтон ќе биде подготвен да работи брзо на американско-британски договор за слободна трговија.

Back To Top