skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Апел на Мета: Сега е време, по 19 октомври ќе биде предоцна

Апел на Мета: Сега е време, по 19 октомври ќе биде предоцна
  • 17.07.2019

Албанскиот претседател Илир Мета повторно упати апел до политичките партии за надминување на длабоката политичка криза во која земјата се наоѓа повеќе месеци.

При тоа додава дека сите треба да сфатат оти не се чекори по две спротивни патеки кои никогаш не се среќаваат една со друга бидејќи постои опасност и „на есен да заостане земјата во интегративниот процес“.

-Пред нас претстои важен датум за иднината на земјата, 17-18 октомври, кога Советот на Европската унија ќе донесе одлука за преговорите, затоа двете главни политички партии треба да им овозможат на албанските граѓани да излезат на тројните избори, локалната власт, централната власт и изборот на претседател на државата на 13-ти октомври и правото на глас да го остварат на мирен, цивилизиран и демократски начин,напиша Мета на фејсбук.

Претседателот Мета го затвора својот пост со силен повик да се одважат сега, зашто по 19 октомври, ќе биде предоцна.

-Сега е време, на 19 октомври ќе биде многу доцна!-напиша Мета.

Повикот на Мета следува откако не ги потпиша и му врати три закони на премиерот Еди Рама, а вчера го обвини дека две години го попречува функционирањето на новите правосудни институции и Уставниот суд. Тој уште предупреди дека ќе има и други причини поради кои „ правосудните реформи станале Рамаформи“.

Back To Top