skip to Main Content

Антивладини протести во Ерменија

Антивладини протести во Ерменија
  • 16.04.2018

Околу 6.000 луѓе денеска протестираа во главниот град на Ерменија, Ереван против поранешниот претседател Серж Сарксјан, а неколку лица се повредени при судир со полицијата.

Ерменската опозиција го обвинува поранешниот претседател Сарксјан дека го сменил политичкиот систем на државата за да остане на власт, истакнувајќи дека го сменил уставниот амандман во 2015 година. Со измените премиерот ја презема извршната власт наместо претседателот.

Саркасјан беше на власт 10 години, од 2008 година, а владејачката Републиканска партија во саботата го номинира за премиер. На местото шеф на државата доаѓа сојузникот на Сарксјан, Армен Саркисијан.

Ерменскиот Парламент утре ќе одлучува дали Сарксјан ќе биде премиер. Други кандидати нема, а за да биде избран Сарксјан потребно е просто мнозинство.

Back To Top