skip to Main Content

Анкета: Грчката влада доби позитивна оценка од граѓаните

Анкета: Грчката влада доби позитивна оценка од граѓаните
  • 09.09.2019

Позитивно или веројатно позитивно ги оценуваат првите активности на грчката влада 71,4 отсто од анкетираните Грци во истражувањето спроведено од агенцијата Marc за весникот „Прото тема“, независно од тоа за кого гласале на изборите. Анкетата покажа и дека 79,4 отсто веруваат дека премиерот Кирјакос Мицотакис ќе ги спроведе сите/повеќето/некои од предизборните ветувања.

Забележително е што владата со нејзините први чекори добива позитивно мислење и од гласачите на другите партии.

Поконкретно, 41,4 отсто од оние кои гласале за СИРИЗА, 85,3 проценти од оние кои биле за Движење на промена, 42,1 отсто од поддржувачите на Комунистичката партија, 84,4 проценти од гласачите на Грчко решение и 42,9 отсто од МЕРА25 ги поздравува активностите на владата, пишува „Прото тема“ во анализата на резултатите.

Истражувањето на јавното мислење кое завршило непосредно пред обраќањето на грчкиот премиер на Меѓународниот саем во Солун, покажува позитивна слика на Грците за новата влада, со 55,1 процент од испитаниците да го одбира Мицотакис за посоодветен за премиер, наспроти Алексис Ципрас кој доби 30,5 отсто.

Back To Top