skip to Main Content

Анкета: Американците се за дипломатски односи со Северна Кореја

Анкета: Американците се за дипломатски односи со Северна Кореја
  • 02.10.2018

Речиси 80 отсто од граѓаните на САД поддржуваат воспоставување дипломатски односи со Северна Кореја, но сметаат дека режимот на таа азиска држава треба да ја напушти својата нуклеарна програма за вооружување, покажа најновото истражување објавено денеска, а кое беше спроведено од Советот за глобални прашања со седиште во Чикаго.

За таква концесија се изјасниле 77 отсто од испитаниците, додека 54 отсто сметаат дека на Северна Кореја треба да и се пружи економска и хуманитарна помош.

Од испитаниците, 54 проценти се изјасниле за делумно повлекување на американските трупи од Јужна Кореја, додека 44 отсто биле за откажување на заедничките воени вежби.

Истражувањето е спроведено на примерок од 2.046 испитанци од сите 50 американски држави од 12 до 31 јули.

Back To Top