skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Американскиот разурнувач „Доналд Кук“ се вкотви во Одеса

Американскиот разурнувач „Доналд Кук“ се вкотви во Одеса
  • 25.02.2019

Американскиот ракетен разурнувач „Доналд Кук“ вплови во украинското пристаниште Одеса, каде што ќе остане до 27 февруари.

„Доналд Кук“ во црноморскиот регион е присутен од 19 февруари. Според Командата на шестата американска воена морнарица бродот спроведува „операции за осигурување на безбедност на море“.

Екипажот веќе учествуваше во воените вежби со турската фрегата „ТЦГ Фејт“. Слични маневри се планирани и со бродовите на украинската воена морнарица.

Тоа е втор пат за една година американски разурнувач да вплови во Црно Море. „Доналд Кук“ кон крајот на јануари пет дена беше вкотвен во грузиското пристаниште Батуми.

Руски бродови ја набљудуваат акцијата на американскиот брод.

Back To Top