skip to Main Content

Американската амбасада ја повика косовската опозиција да се вклучи во дијалогот со Србија

Американската амбасада ја повика косовската опозиција да се вклучи во дијалогот со Србија
  • 24.12.2018

Амбасадата на САД во Косово ги повика двете најголеми косовски опозициски партии, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Движењето Самоопределување (ВВ) да се вклучат во процесот на преговори за нормализација на односите со Србија.

Американското дипломатско претставништво во Приштина смета дека „не е време опозицијата да стои надвор од овој процес ниту пак да создава пречки на патот кон изнаоѓање сеопфатно решение“.

– Охрабрени сме од тоа што гледаме пошироко политичко залагање во врска со дијалогот со Србија и се надеваме дека и другите опозициски партии ќе одлучат да учествуваат. Како што вели претседателот (Доналд) Трамп во неговото писмо, „Косово треба да го искористи овој единствен момент и да зборува со еден глас“, се вели во изјавата на амбасадата на САД за весникот „Зери“.

Косовското Собрание на 16 декември усвои резолуција за преговорите со Србија, со која се формира преговарачки тим, со кој ќе претседаваат лидерот на Социјалдемократската партија на Косово (ПСД) и градоначалник на Приштина Шпенд Ахмети и лидерот на Социјалдемократскта иницијатива (Нисма) и вицепремиер Фатмир Лимај.

ЛДК и ВВ го одбија барањето на владејачките партии да делегират свои претставници во преговарачкиот тим.

Back To Top