skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Жрепка за редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче
Власта и опозицијата со стари позиции во нов обид да се усогласат за СЈО
Втора средба на Заедничкиот комитет на експерти од Северна Македонија и Грција
Нови рочишта за „Монструм“, „Тарифа“ и „Триста“
МИМ ќе ја додели наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

1ТВ медиумски партнер на фудбалскиот камп на Реал Мадрид во Охрид

1ТВ медиумски партнер на фудбалскиот камп на Реал Мадрид во Охрид
  • 24.12.2018

Со огромна чест и задоволство, „1ТВ“ од денеска и официјално стана медиумски партнер на фудбалскиот камп на Реал Мадрид фондацијата, кој во организација на „ЕУРО СПОРТ АРЕНА“ И „КМГ СПОРТ“ ќе се реализира од 14 до 18 Јануари 2019 во Охрид.

Сите момчиња и девојчиња кои го сакаат фудбалот и се на возраст помеѓу 7 и 17 години ќе може да бидат дел од вториот камп на Real Madrid Foundacion Campus Experience во Македонија, кој всушност претставува своевидна база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба во секоја смисла на зборот. Во интервал од пет дена специјално обучени тренери за млади категории од Шпанија ќе го пренесат своето знаење и ќе бидат дел од мозаикот на кампот.

Учесниците ќе бидат сместени во хотел со четири звездички во Охрид, каде преку тренинг програма прилагодена на возраста ќе стекнат огромно „Кралско“ фудбско искуство. Ќе добијат оригинална спортска опрема од Реал Мадрид, комлет систематски преглед и медицинска поддршка, превоз, спрецијална здрава исхрана, осигурување и уште многу други бенефиции за сопствено фудбалско усовршување. А, од 1ТВ во наредниот период следува и бесплатен ваучер за нашите најверни гледачи.

Крајбрежјето на Охрид од 14-ти до 18-ти Јануари, нека биде вистинското место кое ќе Ви го трасира патот до фудбалските височини.

Регистрација и целосната програма на следниот линк:

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top