skip to Main Content

Џампаоло по поразот од Торино: Најдобрата игра на Милан оваа сезона

Џампаоло по поразот од Торино: Најдобрата игра на Милан оваа сезона
  • 27.09.2019

Тренерот на Милан, Марко Џампаоло е разочаран од резултатот (1:2) на синоќешниот дуел со Торино, но ја пофали играта на неговите избраници.

– Играта беше под наша контрола. Имавме можност за втор гол, но не ги искористивме шансите. Не казнија во само четири минути. Имавме некои грешки, но ова е најдобрата игра на Милан, оваа сезона. Доминиравме долго време. Поразот ме разочара, бидејќи тимот работи напорно и прави се што е можно. Тешко е кога нема резултат. Тие се обидуваат да работат како тим и да следат план, а не играат индивидуално, истакна Џампаоло.

Милан по пет кола во Серија А има дури три порази и се наоѓа во долниот дел на табелата.

Back To Top