skip to Main Content

Јунајтед презеде мерки за слабата форма на Де Хеа

Јунајтед презеде мерки за слабата форма на Де Хеа
  • 29.09.2019

Манчестер Јунајтед презеде изненадувачки мерки за слабата форма на Давид Де Хеа во последните неколку месеци и вчера официјално објави дека тренерот на голманите, Емилио Алварез го напуштил клубот.

Шпанскиот тренер се смета за крајно близок со Де Хеа и е дел од штабот на „црвените ѓаволи“ од 2016 година, откако работеше со голманот уште во Атлетико Мадрид. Изненадувачката разделба меѓу двете страни доаѓа само три месеци откако Ричард Хартис беше прогласен за тренер на голманите на клубот, а самиот Де Хеа потпиша нов долгорочен договор со Јунајтед, по долгата линија на шпекулации за неговата иднина.

Менаџерот Оле Гунар Солскјер му се заблагодари на Алварез во специјалното обраќање до него. „Сакам да му се заблагодарам на Емилио за целата негова помош и напорна работа за клубот. Му посакувам се најдобро во иднина “, вели Норвежанецот.

Back To Top