skip to Main Content

Ѓорческа остана без финале во Истанбул

Ѓорческа остана без финале во Истанбул
  • 26.10.2018

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со пораз во полуфиналето го заврши настапот на турнирот во Истанбул.

По маратонска битка за место во финалето, Романката Шербан ја надигра Ѓорческа со 2-1 во сетови. Иако Лина прва поведе по долгиот прв сет со 7-5, сепак во продолжение нејзината игра значително падна. Вториот сет го загуби со 7-6, а веќе во одлучувачкиот потфрли со 6-3.

Ѓорческа претходно врза три победи во низа, а на стартот ја победи првата носителка, но немаше сили да се избори за финалето на овој фјучерс во Истанбул, вреден 25.000 долари.

Back To Top