Ѓоко Хаџиевски ја напушти Беласица

Поранешниот селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Ѓоко Хаџиевски одлучил да ја напушти Беласица по ремито со Победа во 28 коло од ПМФЛ.
Најавите дека Хаџиевски ќе остане подолго на кормитото на Беласица по елиминацијата од Македонија ЃП во полуфиналето од Купот на Македонија не се остварија. Хаџиевски беше најпрво ангажиран како спортски директор во Беласица по стартот на сезоната а потоа ја доби улогата и на шеф на стручниот штаб.
Беласица по 28 кола во ПМФЛ е на предпоследното место со 24 бода, девет повеќе има Македонија ЃП која е во сигурната зона на 7 место.
Во следното коло од нашето најсилно фудбалско првенство, Беласица ќе и гостува на Академија Пандев во локалното дерби.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.