Ѓоковиќ: Ја прифаќам поканата на Заев – ќе дојдам во Македонија

Новак Ѓоковиќ денеска во епско финале славеше над Федерер со 3:2 на Гренд Слем турнирот во Вимблдон.
По големиот триумф Ноле на победничката прес-конференција одговори на две прашања на новинарот на Макфакс.
Запрашан дали вечерва ќе се слави исто како и после натпреварот против Хуркач и дали повторно ќе запее некоја македонска песна со која ќе ги поздрави македонските навивачи, Ноле одговори:
„Многу поздрав до Македонија, до Скопје. Ви благодарам многу. Не е тука кумот Невен, тој беше соучесник на забавата кога пеевме после победата против Хуркач. Ќе видиме какво ќе биде расположението, сега е веќе доцна, децата ќе спијат. Веројатно жена ми и јас ќе запееме некоја балада.“
„Ја видов поканата и го прифаќам повикот, не знам кога тоа ќе се случи, но сигурно ќе дојдам во Македонија бидејќи морам да го видам Охрид.“
Овие одговори можете да ги видите после 16. минута на видеото.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.