skip to Main Content

Шок: Реал останува без тренер – Зидан поднесе оставка!

Шок: Реал останува без тренер – Зидан поднесе оставка!
  • 31.05.2018

Дали времето за славење е веќе завршено? По само една седмица откако Реал Мадрид ја освои тринаесетата титула Европски првак, шок за приврзаниците на „Кралскиот клуб“. Зинедин Зидан се разделува од Шпанскиот гигант.

Францускиот стратег, под чија палка Реал освои три трофеји во Лигата на шампионите, два во Суперкупот на УЕФА, еден во клупското на ФИФА, еден во Примера и еден трофеј во Суперкупот на Шпанија, утрово се сретнал со претседателот Флорентино Перез известуваќи го за своето заминување. Подоцна истото беше потврдено на вонредната конференција за медиумите. Зизу одлуката ја донел за време на одморот во Тулуз, од каде се вратил утрово во Мадрид со вистинска „бомба“ за фудбалскиот свет.

Одлучив повеќе да не го водам Реал Мадрид. Знам дека ова е чуден момент, но на екипата и е потребна промена, се со цел да продолжи да победува. Потребен е некој со поинаква методологија на работа и поради тоа одлучив да поднесам оставка“, вели Зидан.

Подсетуваме, Зидан го презеде Реал на 4.јанувари 2016.година, на местото на Рафаел Бенитез, а точно 878 дена подоцна го напушта, со отворено прашање – кој ќе го наследи?

Back To Top