skip to Main Content

Шок за фановите на белгискиот гигант – за прв пат по 56 години без излез во Европа

Шок за фановите на белгискиот гигант – за прв пат по 56 години без излез во Европа
  • 20.05.2019

Фудбалскиот клуб Андерлехт по неделниот пораз од Гент со 2-1, остана без шанса за излез на Европска сцена. За многумина оваа вест нема некакво значење, но за оние кои со години го почитуваат овој клуб, претстаувава вистинки шок.

Иако Андерлехт не оставил длабока трага во европските натпреварувања, сепак важеше за еден од најредовните учесници во шампионатите под капата на УЕФА.

Фрапантна е веста што Андерлехт за прв пат по 56 години е без излез на Европска сцена. Последен пат без настап останале во сезоната 1963/64.

Ваквиот факт го натера раководството на белгискиот гигант веднаш да реагира, назначувајќи го Винстент Компани за тренер, истовремено и играч во Андерлехт наредните три сезони. Искусниот дефанзивец по 11 години го напушти Манчестер Сити.

Back To Top