skip to Main Content

Шкендија со предност пред реваншот со Номе Кајлу

Шкендија со предност пред реваншот со Номе Кајлу
  • 15.07.2019

Македонскиот фудбалски шампион, тимот на Шкендија, утре со почеток од 17:00 часот на Арената Тодор Проески ќе го одигра реванш дуелот од првото квалификациско коло од лигата на шампионите против естонскиот претставник Номе Кајлу.

Тетовци имаат предност од првиот натпревар одигран на гостински терен со 0:1, но тоа не мора ништо да значи. Мора да се одиграат уште деведесет минути и да се одработи тој пласман во следната фаза.

Па така, на денешната официјална прес конференција пред мечот, тренерот Ќатип Османи односно капитенот Арменд Алими го најавија мечот кој за Шкендија со оглед на резултатот и далеку поголемиот квалитет би требало да биде рутина.

„Ние максимално се подготвуваме за претстојниот меч и иако имаме предност од првиот меч мислам дека не смееме дасе опуштиме, напротив. Одиме максимално да оствариме уште еден позитивен резултат“ – изјави тренерот на Шкендија Ќатип Османи.

Што се однесува пак до новото засилување Фелипе, и дали бразилецот ќе го има своето официјално деби за тимот на Шкендија и тоа на интернационална сцена, тренерот Османи истакна дека доколку дозволи резултатот напаѓачот можеби и ќе добие шанса, а со оглед на неговата физичка подготвеност во моментов тој постепено ќе биде вклопуван во тимот.

Во секој случај ние очекуваме нашиот првак да нема поголеми проблеми на утрешниот меч и да се пласира во слдната фаза. А таму многу веројатно со оглед на резултатот од првиот меч ги очекува шкотскиот Селтик кој веќе има огромна предност проив Сараево од 4:1, а игра и на домашен терен.

Back To Top