skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Груевски останува во Будимпешта
Шекеринска во Брисел: Билатерални средби со министри за одбрана на НАТО земји
Ексклузивно интервју со Бојан Јовановски – петок 21:00 во Отворено Студио 1
Презентација на втор мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство- „Заедно во борба против корупција“
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Шаховскиот Клуб Алкалоид по нова титула на Европскиот Клупски Куп 2018

Шаховскиот Клуб Алкалоид по нова титула на Европскиот Клупски Куп 2018
  • 10.10.2018

Македонскиот најдобар шаховски клуб Алкалоид веќе трета година по ред со ист состав продолжува со настапите на Европскиот Клупски Куп, кој оваа година се одржува од 11 до 18.10.2018 година во Порто Карас, Грција.

Боите на клубот продолжуваат да ги бранат стандардните  6 врвни светски велемајстори од Кина, Русија и Украина, заедно со двајцата најдобри македонски играчи: Ding Liren, Yu Yangyi, Dmitry Jakovenko, Dmitry Andreikin, Eljanov Pavel, Yuriy Kryvoruchko, Трајко Недев и Филип Панчевски. Капитен на екипата е Драгољуб Јаќимовиќ.

Годинава, вообичаено, конкуренцијата е многу силна: Odlar Yurdy – Азербејџан (минатата година освоија бронзен медал) AVE Novy Bor – Чешка, Mednyi Vsadnik St. Petersburg.  За одбележување е учеството на светскиот шампион, норвешката спортска звезда Велемајсторот Магнус Карлсен – во составот на Valerenga Sjakklubb.

Во 2016 година ШК Алкалоид го освои Европскиот Клупски Куп во Србија и ја понесе титулата Европски Шампион, во годината кога клубот одбележа 40 години од своето формирање.

Во 2017 година ШК Алкалоид на Европскиот Клупски Куп во Анталија го освои второто место, вице-шампионската позиција.

Back To Top