skip to Main Content

Чудо во Париз, Јунајтед го елиминираше ПСЖ, Порто подобар од Рома

Чудо во Париз, Јунајтед го елиминираше ПСЖ, Порто подобар од Рома
  • 07.03.2019

Вар технологијата одново е во фокусот на вниманието. Манчестер Јунајтед славеше херојска победа во Париз над ПСЖ, славеше со 3:1 и со ова ја анулираше негативата од „ Олд Трафорд“ од 2:0 за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите на УЕФА.

Лукаку постигна два гола во првото полувреме за Јунајтед а Бернат за ПСЖ. Клучниот гол „Ѓаволите“ го постигнаа во судиското надополнување од пенал преку Рашфорд по одлуката на судиите кои користеа ВАР за да досудат на белата точка.

На вториот осминафинален реванш одигра на Драгао во Португалија, Порто ја елиминираше Рома со 3:1 по одигрувањето на продолженијата. Одново ВАР технологијата беше ставена на тест. По разгледувањето на ситувацијата Порто доби пенал во 117 минута а Телес го реализираше за вкупни 3:1 резултат кој му донесе на Порто четвртфинале.

Back To Top