skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Раскинувањето на Договорот за Казандол законито пресуди Управниот суд
На хирургија во Струга заболени девет здравствени работници од морбили
Прво писмо на Асанж по апсењето: Обиколен сум со убијци, не ми даваат да се бранам
Утре на Бихаќка и дебата за промена на кадри во извршната власт
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Челси се засилува со Аризабалага и Ковачиќ, а во Реал го испраќа Куртоа

Челси се засилува со Аризабалага и Ковачиќ, а во Реал го испраќа Куртоа
  • 08.08.2018

Атлетик Билбао потврди дека голманот Кепа Аризабалага го напушта клубот. Баскијците преку соопштение ја известија јавноста дека голманот самиот си ја платил откупната клаузула од 71 милион фунти

Се очекува денеска да потпише договор со Челси, со што и официјално ќе стане најскапиот голман на сите времиња. Само еден месец рекордот го држеше Алисон Бекер откако за 65 милиони фунти од Рома се пресели во Ливерпул.

Трансфер-размена: Матео Ковачиќ во Челси, Тибо Куртоа во Реал Мадрид

Аризабалага ќе пристигне во Челси како замена за Тибо Куртоа, кој ќе се пресели во Реал Мадрид, а во спортивен правец во Лондон ќе замине Матео Ковачиќ, кој според „Скај Спортс“ веќе денеска е на прегледи, каде се очекува да потпише за Челси.

Хрватот изминативе две сезони не добиваше голема шанса во „Кралскиот клуб“, па токму затоа одлучи да ја смени средината. Пред неколку денови го одби Манчестер Јунајтед поради дефанзивниот фудбал на Мурињо и го одбра Челси за едногодишна позајмица вредна 35 милиони фунти, со опција Куртоа да се пресели на „Бернабе“.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top