skip to Main Content

Челзи влегува во „битка“ за Бејл

Челзи влегува во „битка“ за Бејл
  • 30.03.2018

Раководството на Челзи влегува во „битка“ за крилото на Реал Мадрид, Герет Бејл, пишуваат утринава медиумите во Англија.

Според информациите, „сините“ бараат играч со квалитети на велшкиот офанзивен фудбалер, а опцијата со Бејл е прифатлива во поглед на веројатноста дека Еден Азар ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Тимот од Лондон, исто така, го има предвид фактот дека случувањата во англиската Премиер лига не се непознати за Бејл. Пред да замине во Мадрид, Велшанецот настапуваше за градскиот ривал на тимот – Тотенхем.

Самиот шеф на „белите“, Флорентино Перез е подготвен да го направи договорот, соопштуваат на Островот.

Интерес за Герет Бејл има и од Манчестер Јунајтед.

Back To Top