skip to Main Content

Хамилтон: Фетел дефинитивно не е веќе број 1 во Ферари

Хамилтон: Фетел дефинитивно не е веќе број 1 во Ферари
  • 10.10.2019

Себастијан Фетел дефинитивно не е веќе број 1 во Ферари. Ова го објави светскиот шампион Луис Хамилтон пред Големата награда на Јапонија во недела.

Шарл Леклер одлично се снајде на последните натпреварувања, особено во квалификациите, доминирајќи против неговиот соиграч и има повеќе бодови – 215 наспроти 194.

– Навистина е интересна динамиката во тимот, бидејќи Себ беше бр.1, и сега тој дефинитивно не е. Излегува дека Шарл го презема водството и искрено не се сеќавам на некој тим,кој толку многу ја сменил својата поддршка во текот на сезоната. Сепак, дали е ова добро за тимот? Јас не мислам така, но на крајот на краиштата, тоа е нивната стратегија“, рече Луис.

Тој потоа ја објасни ситуацијата и тензиите со Фернандо Алонсо кога беа тимски колеги во Мекларен.

– Не се жалиме затоа што имаме добра филозофија, работите се одвиваат добро и не планираме да ја промениме. Кога започнав во Мекларен, Фернандо влезе како број 1, но во средината на сезоната се смени и тензиите станаа сериозни. Тој беше најплатениот возач во Формула 1, но нам ни беа дадени еднакви шанси, додаде тој.

Back To Top