skip to Main Content

Хамилтон одново супериорен, ја освои и Франција

Хамилтон одново супериорен, ја освои и Франција
  • 23.06.2019

Луис Хамилтон дојде до шестата победа во осмата трка од овогодинешниот шампионат на Формула 1. Британецот беше најбрз на големата награда на Франција денеска во одлично извозена трка во која реално и немаше конкурент за првото место. Во каква форма е Хамилтон во моментов говори и податокот што ова е негова четврта последоветелна победа сезонава.

Втор низ целта мина Валтери Ботас додека пак на подиумот се искачи уште и Шарл Леклер од Ферари.

Во генералниот пласман нормално води Хамилтон со 162 бода поред Ботас со 133 односно Фетел кој има рамно сто поени во моментов.

Back To Top