skip to Main Content

ФФМ во преговори со Мексико за пријателски натпревар

ФФМ во преговори со Мексико за пријателски натпревар
  • 07.03.2019

Мухамед Сејдини в.д. претседателот на Фудбалската федерација на Македонија средбата со амасадорот на Мексико од Белград, Гарсија Бланко и со почесниот конзул на Мексико во Македонија, Енвер Малиќи ја искористи за преговори за евентуална контролан средба меѓи двете земји. На состанокот во хотелот Парк во Скопје присуствуваше и селекторот на нашата А репрезентација, Игор Ангеловски.

 „Амбасадорот Гарсија Бланко е голем поддржувач на фудбалот и нас ни е мило што добивме пријател кој е влијателен во еден сериозен и моќен фудбалски сојуз како мексиканскиот. Овој продуктивен состанок секако ќе биде од помош за отворање врата за соработка меѓу двете федерации на различни полиња.“

„ФФМ како мала федерација секогаш е подготвена да ги слушне и користи искуствата на големите фудбалски сојузи, како мексиканскиот кој „произведува“ фудбалери од светски ранг, а нивната репрезентација речиси секогаш е дел од големите натпреварувања. – изјави в.д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини за официјалниот сајт на федерацијата.

Тој додаде дека „Мексико е една од атрактивните репрезентации и на состанокот секако стана збор за евентуален пријателски натпревар меѓу нашата најдобра селекција и Мексико, но исто така разговаравме и за можноста да го споделиме искуството во однос на работата со младите фудбалери и репрезентации“.

Back To Top