skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Надлежности на претседателот на Републиката
Отворена телефонската линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право
Јонкер: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
За победа во прв круг потребни над 900 илјади гласови
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

ФУТСАЛ: Mакедонија вечерва против Грција ќе го отвори турнирот во Скопје

ФУТСАЛ: Mакедонија вечерва против Грција ќе го отвори турнирот во Скопје
  • 31.01.2019

Македонската футсал репрезентација денеска против селекцијата на Грција ќе го отвори предквалификацискиот турнир за пласман во елитната рунда на Светското првенство.

Македонија е носител на фаворитската улога, со оглед на квалитетот но и домашниот терен, бидејќи овој турнир се игра во Скопје од денеска до 3 февруари.

Селекторот Иван Божовиќ нема проблеми со повредени играчи, а тоа дополнително ги зголемува шансите за една од првите две позиции кои носат пласман во следната рунда, која ќе се одигра во Украина.

Македонија по вечерашниот дуел со Грција од 20 часот, ќе се насочи кон вториот предизик, аутсајдерот Сан Марино в петок, додека на 3ти февруари во последното коло ќе се сретнат со Албанија, дуел кој најверојатно ќе пресуди за првата позиција на овој предквалификациски циклус за пласман во елитната рунда на Мундијалот.

Сите натпревари ќе се играат во малата сала во СЦ„ јане сандански“.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top