skip to Main Content

Фрејзер-Прајс „како куршум“ на 100 метри

Фрејзер-Прајс „како куршум“ на 100 метри
  • 30.09.2019

Јамајканката Шели-Ен Фрејзер-Прајс истрча фантастична трка и доманантно го освои златниот медал на 100 метри со резултат 10.71 секунди. Тоа е нејзино четврто светско злато, потврдувајќи го со најдобриот резултат во оваа сезона. Имаше пеколен старт за потоа само да потврди дека е најбрзата на планетата.

Британката Дина Ашер-Смит беше втора поставувајќи нов државен рекорд, 10.83 секунди. Трета на подиумот е Мари-Жозе Талу од Брегот на Слонова Коска, која ја истрча патеката за 10.90.

Back To Top