skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“
Петнаесет-годишно момче се удави во Пчиња
Пожарот кај Пинтија ставен под контрола
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

(ФОТО) Ангеловски го објави списокот на играчи за дуелите со Летонија и Словенија

(ФОТО) Ангеловски го објави списокот на играчи за дуелите со Летонија и Словенија
  • 13.03.2019

Со четворица повратници во тимот и со желба за продолжување на позитивните резултати, македонската машка фудбалска репрезентација од понеделник се собира во Скопје пред Евроквалификацискиот двомеч против Летонија и против Словенија.

Селекторот на А тимот, Игор Ангеловски денеска го објави списокот на 23 играчи кои ќе конкурираат за почетната единесетка. Во составот се враќаат младиот Дарко Чурлинов,  стоперите Дарко Велковски и Кире Марковски и напаѓачот Крсте Велковски.

Неизвесни за настап се Иван Тричковски и Стефан Спировски а од стандардните од предходно беше познато дека нема да игра Аријан Адеми.

Во воведното коло од Евроквалификациите Македонија ќе ја пречека Летонија во Скопје на 21 март додека во второто коло на 24 март нашата репрезентација ќе гостува во Љубљана, на Стожице ќе истрча против Словенија.

Back To Top