Федерер ќе игра на Олимписките игри следната година

Швајцарската тениска легенда Рожер Федерер, откри дека планира да учествува на олимпискиот турнир во Токио следната година.
Федерер играше демонстративен натпревар против Џон Изнер во главниот град на Јапонија, и на Јапонците им порача дека ќе се видат и следната година, на Летните олимписки игри.
Златен медал од ЛОИ е единствениор кој недостасува во колекцијата трофеи на Федерер. Во 2004 година, тој на ЛОИ ја запозна својата сопруга, во 2008 освои злато, но во двојки со Вавринка, во Лондон 2012 загуби во финалето, а не настапи во Рио 2016.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.