skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Федерер: Со Надал немаме никакви тајни, знаеме се еден за друг

Федерер: Со Надал немаме никакви тајни, знаеме се еден за друг
  • 11.07.2019

Роџер Федерер дефинитивно е на патот да освои уште една титула на Вимблдон. Деветта по ред со што ќе се израмни со Мартина НАвратилова. Швајцарецот во четвртфиналето вчера беше подобар од Кеи Нишикори, кого го совлада со 3:1, по сетови, а по мечот даде свое видување и за тој натпревар но и за оној кој следува, а тоа е полуфиналето против Рафаел Надал.

„Кеи е одличен ритрн играч, знае што прави, и пред секој меч има план како да го одигра. Секогаш сака да биде агресивен, и е многу опасен. На почетокот беше доста тешко за мене. Едноставно поените одеа еден по друг, и неговиот добар сервис во комбинација со мојот лош избор на удари направи да бидам во негатива. Битно беше за мене да стартувам силно во вториот сет, а Кеи гледаше се помалку шанси при мој сервис.

Во моментов се чувствувам добро на терен. И кога сум во негатива, и кога губам нема простор за паника. Знам дека ја имам ситуацијата под контрола. Сервирам добро. Беретини и НИшикори се два различни тенисери и кога играш против нив еден под друг бара адаптација. Добро се чувсгвувам кога го удирам топчето, добро се чугствувам на освновната линија, и тоа е добро за следниот меч.

А што се однесува до него, до дуелот со Рафа, што да кажам друго освен дека знаеме се еден за друг. Не треба јас да ви кажувам кои се предностите односно слабостите во неговата игра. Тој се подобри многу на играјќи на ваква подлога низ годините. Игра многу поразилно од порано. Реално, одамна немаме играно на трева меѓусебе. Голема разлика има во неговиот сервис. Се сеќавам како порано сервираше, а како сервира сега и колку побргу ги завршува поените. Добро е што и двајцата сме тука по сите овие години и играме еден против друг„ – изјави Федерер.

Back To Top