skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Федерер атакува на титулата најстар освојувач на Вимблдон

Федерер атакува на титулата најстар освојувач на Вимблдон
  • 14.07.2019

Роџер Федерер за еден месец ќе наврши 38 години но тоа во никој случај не го спречува Швајцарецот да биде и натаму во топ форма. Тој денеска во финалето на овогодинешниот Вимблдон ќе се соочи со Новак Ѓоковиќ, а доколку ја освои титулата, ќе стане највозрасниот првак на Вимблдон во неговата историја. Слично како и Серена Вилијамс во женското финаче вчера која настапи со полни 37 години, и ФЕдерер на залезот од својата кариера покажува екстра квалитет. ВИлијамс не успеа во намерата да го освои Вимблдон, а за Федере ќе видиме денеска од 15:00 часот.

Роџер Федерер е среќно оженет веќе долги години и има четири деца, а доколку денеска го совлада Ѓоковиќ ќе ја зголеми неговата гренд слем колекција на 21. Титула, две помалку од Серена која има 23. Во секоја друга стиуација, Ѓоковиќ ќе бил далеку повеќе во центарот на в ниманието, со неговите четири титули, а доколку денеска биде успешен ќе се изнедначи со титулите на Бјорн Борг. Сепак, јавноста некако како да е повеќе наклонета кон Федерер во моментов. Неговиот импакт на светскиот тенис низ годните беше огромен, а за Џоковиќ со оглед на фактот што има само 32. Веројатно ќе има уште доста прилики за трофеји и титули.

Back To Top