skip to Main Content

Фавр: Одигравме совршено второ полувреме против Барса, недостасуваше само гол

Фавр: Одигравме совршено второ полувреме против Барса, недостасуваше само гол
  • 18.09.2019

Тренерот на Борусија Дортмунд, Лусиен Фавр беше многу задоволен од второто полувреме против Барселона. Двете екипи ремизираа 0-0, но домашната екипа може повеќе да жали, бидејќи пропушти добра шанса по паузата, а Марко Ројс не успеа да реализира пенал.

„Мислам дека второто полувреме беше одлично за нас. Недостасуваше само гол. За жал не успеавме да реализираме, а исто така промашивме и пенал. Сепак, имавме многу поголем посед на топката и покажавме многу поголема самодоверба“, рече тој на прес-конференцијата по натпреварот.

„Навистина сум многу задоволен од нашата игра по паузата. Да, 0-0 не е победа, но тоа е добар резултат. Сепак, Барселона беше против нас. Да не заборавиме на ова. Групата е многу тешка и ќе имаме големи проблеми за но ќе дадеме се од себе“, изјави Фавр.

Back To Top