skip to Main Content

У20, ЕП Дивизија Б: Македонија против Азербејџан за прв триумф на шампионатот

У20, ЕП Дивизија Б: Македонија против Азербејџан за прв триумф на шампионатот
  • 17.07.2018

Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 20 години денеска ќе го одигра третиот натпревар на ЕП дивизија Б во Софија, каде против Азебејџан ќе атакува на првиот триумф на шампионатот.

По почетниот дебакл од Летонија со 79-39, во второто коло избраниците на Никола Василев загубија од Белгија со 76:65. Иако, изданието беше подобро отколку во првиот меч, сепак нашите младинци  на посакуваното ниво беа единствено во последните десет минути, кое не беше доволно за триумф.

Денеска против Азербејџан од 16 часот се надеваат на првиот позитивен исход. И двете селекции се без победа по два одиграни натпревари, па евентуален пораз ќе значи сигурно последно место во групата.

Македонија доколку оствари триумф денеска, утрешниот против Белорусија ќе биде директна пресметка за третото место во групата, кое би ни донело полесен противник во битката за деветтото место на шампионатот откако стана јасно дека првите две позиции, кои носат плеј-оф се недостижни во групата А.

Летонија е лидер со максимални 6 бода. Втора е Белгија со 5, пред Белорусија со 4 и меч помалку. На последните две места се Македонија и Азербејџан со по 2 бода и натпревар помалку.

Back To Top