skip to Main Content

У-20, ЕП Б дивизија: По убедливиот триумф над Луксембург, вечерва на мегдан со Словачка

У-20, ЕП Б дивизија: По убедливиот триумф над Луксембург, вечерва на мегдан со Словачка
  • 17.07.2019

По убедливите порази од Португалија и од Белгија на стартот од Европското првенство Б Дивизија, македонската младинска кошаркарска репрезентација го запиша првиот триумф.

Нашите надежи во третото коло убедливо го добија Луксембург со 93-64. Во тимот на селекторот Радуловиќ најефикасен беше Крстевски со 22 поени и 6 скока.

Шансите за првите две места и прогрес во наредната фаза се загубени, вечерашниот последен меч против Словачка е битка за третата позиција, која носи разигрување за пласман од 9.до16 место на шампионатот.

Back To Top