skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ЈО побара продолжување на притворот на Јанева за нови 30 дена
Калајџиев ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов Јавен обвинител?
Алијанса за Албанците: Режимот ВМРО-ДУИ го монтираше, судовите на СДСМ-ДУИ пресудија, бараме меѓународна истрага за „Диво Насеље“
Македонија ги исполни сите услови – на ред е ЕУ

Уште една „шлаканица“ за Работнички од Блокотехна, шанса за МЗТ да осамне на врвот

Уште една „шлаканица“ за Работнички од Блокотехна, шанса за МЗТ да осамне на врвот
  • 01.05.2019

Домашното кошаркарско Суперлигашко првенство станува се понеизвесно. Блокотехна попладнево по втор пат сезонава го надигра актуелниот првак Работнички, сега со убедливи 82:63

По суспензијата на салата „Градски парк“, тимот на Марин Докузовски наместо на свој терен, домаќин беше во салата „НОЕЛ“ во Гевгелија. Таму, Блокотехна постојано го контролираше резултатот, добивајќи ги сите четири периоди за на крајот да запише убедлива победа со 19 поени разлика.

Најзаслужен беше Фундербург со фантастични 32 поени, а кај Работнички прв поентер со 25 беше Вашингтон. Блокотехна со оваа победа се зацврстува на третото место кое води во плејофот, за разлика од Работнички, кои и дефинитино ќе ја загубат лидерската позиција доколку МЗТ Скопје задутре триумфира во домашниот дуел против Гостивар.

Утре пак, четвртото коло продолжува со мечот меѓу Кожув и Куманово од 18 часот.

Back To Top