skip to Main Content

Трајановски под знак прашалник за Финска

Трајановски под знак прашалник за Финска
  • 30.05.2019

Македонскиот репрезентативец до 21. година Филип Трајановски е под знак прашалник за претстојниот меч против Финска. Стоперот на Академија Пандев се повреди на еден од тренинзите на нашата млада селекција и не се знае дали ќе може да настапи против Финска, односно дали воопшто ќе патува за Словачка, каде што се игра пријателскиот наптревар.

Селекторот Милевски најави дека планира да го пополни составот на репрезентацијата со еден играч од У19 репрезентацијата која што во исто време игра пријателски мечеви во Скопје, но како тргнала работата со повредените репрезентативци во У21 составот можно е да се „позајми“ уште некој играч пред заминувањето за Словачка.

Back To Top