skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

ТОРОНТО НЕ ЈА ИСКОРИСТИ ПРВАТА МЕЧ ТОПКА ЗА НБА ТИТУЛА – ГОЛДЕН СТЕЈТ СЕ НАМАЛИ НА 3-2

ТОРОНТО НЕ ЈА ИСКОРИСТИ ПРВАТА МЕЧ ТОПКА ЗА НБА ТИТУЛА – ГОЛДЕН СТЕЈТ СЕ НАМАЛИ НА 3-2
  • 11.06.2019

Торонто на свој терен не ја искористи првата меч топка за шампионската НБА титула. Актуелниот првак Голден Стејт потврди дека нема лесно да го предаде тронот триумфирајќи со тесни 106-105 за намалување на 3-2 во финалната серија. Трагичар на мечот беше Лаури откако промаши шут за победа на Торонто и тоа со звукот на сирената.
Претходно, Голден Стејт во живот го одржаа Стеф Кари и Клеј Томпсон, првиот заврши со 31 поен, вториот со 26. По долга пауза се врати Кевин Дурент со 11 поени за 10 минути, но заработи нова повреда која по се изгледа повторно ќе го одалечи. Кај Торонто доминираше Кавај Ленард со 26 поени и 12 скока.
Натпреварот број 6 во финалето од НБА се игра во „Оракл“ арена ноќта во четврток кон петок.

Back To Top