skip to Main Content

Толку од Трајановски во Академија Пандев

Толку од Трајановски во Академија Пандев
  • 01.06.2019

Младинскиот репрезентативец на Македонија и досегашен член на тимот на Академија Пандев, Филип Трајановски го напушта Струмичкиот прволигаш. Управата на клубот реши да му се заблагодари на дефанзивецот за услугите,и  реши да го ослободи.

Трајановски дојде од шведскиот Гаис.Тој до пристигнувањето во Академија Пандев настапуваше исклучиво во Шведскиот шампионат, од каде што и пристигна. Сега преостанува да се види каде стоперот ќе ја продолжи својата кариера, со оглед на фактот што во моментов беше дел од националниот тим до 21. година но поради повреда оптадна од комбинација за мечот против Послка, во Трнава.

Back To Top