skip to Main Content

Стрицова и нејзиниот „олд скул“ сервис волеј

Стрицова и нејзиниот „олд скул“ сервис волеј
  • 11.07.2019

Ако сервис волејот одамна не се користи во модерниот тенис, тогаш некој треба да и објасни на Барбара Стрицова дека ова не е 1979 година туку 2019 и дека тој начин на играње одамна не го користи никој. Но на чехињата очигледно дека тоа воопшто не и ни важно, туку е најбитно што тоа и успева. Таа со сервис волеј ги завршува 20% од нејзините сервиси што е највисок процент од сите тенисерки кои настапија годинава на Вимблдон.

Само за конпарација, Серена Вилијамс, 311 пати одиграла сервис поен, а само еднаш излеггла на мрежа и одиграла сервис волеј. Секако, оваа стратегија не е единственото нешто кое што ги разликува овие две тенисерки пред нивниот денешен дуел во полуфиналето. За Труцова ова е дефинитивно најголем успех на еден гренд слем и таа е највозрасниот дебитант во едно полуфинале, додека пак Вилијамс оди на својата 24. Гренд слем титула.

Со тоа би се изедначила со Маргарет Корт најтрофејната тенисерка на сите времиња, а воедно тоа би била нејзина осма титула на Вимблдон, една помалку од Мартина Навратилова.

Back To Top