Стоичков: Никогаш нема да има нов Стоичков

Бугарската фудбалска легенда, Христо Стоичков изјави дека нашиот источен сосед никогаш нема да има нов Стоичков, бидејќи секој играч е посебен и различен.
– Нов Стоичков нема да има, бидејќи секој си е уникатен за себеси. Во мојата книга упатувам порака до младите, а тоа е никогаш да не се откажуваат од своите мечти и да веруваат дека и некој Бугарин може да биде најдобар на светот во некој област која е од интерес на милијарди луѓе,истакна Стоичков.
Тој беше неуспешен како тренер, сега работи по телевизии како коментатор и аналитичар, а сега живее во Мајами.
За моменталната ситуација во бугарскиот фудбал, тој кажа дека го потсетувала на песната „Дали јас задоцнив или времето брзаше“.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.