skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Собраниската Комисија утре ќе ја започне дебатата по уставните амандмани
Со дополнителни докази на одбраната продолжува судењето за „27 април“
Трајковски по посетата на Груевски во Будимпешта, без коментар пред денешното рочиште за насилството во Центар
Во Врховен расправа по жалбата на Митриновски околу неговото разрешување
Мицоткаис до Ципрас: Не ја спасивте Македонија, туку отстапивте македонска националност и јазик
Гутереш: Преспанскиот договор е пример за мирно решавање спорови
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

СП 2018: Модриќ: Шансите против Нигерија се 50:50

СП 2018: Модриќ: Шансите против Нигерија се 50:50
  • 16.06.2018

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ не сакаше да именува фаворит за првиот дуел на тимот од Мундијалот 2018 против Нигерија. Средбата е од 21:00 часот денеска во Калининград.

– Ги знаеме силните страни на Нигерија. Во моментов тие се најдобриот африкански тим, имаат многу брзи фудбалери. Во овој натпревар нема фаворит. Шансите се 50:50, иако нѐ сметаат за фаворит. Ние не обрнуваме внимание на тоа, рече Модриќ пред денешниот дуел.

Полудефанзивецот на Реал Мадрид проговори и за големите очекувања кои ги има кон нив и дека тоа не претставува товар за репрезентацијата.

– Сите мислат дека за нашата генерација ова е последна шанса да освоиме нешто. Тоа не е товар за нас и воопшто не е толку важно дали е последна шанса. Имаме одлична генерација фудбалери кои играат во големи клубови. И не само што играат, туку се меѓу најдобрите. Јасно е дека се очекува многу од нас, но ние очекуваме уште повеќе од самите себе, додаде Хрватот.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top