Спорт 1: До каде е хокејот во Македонија?

Хокејот има долгогодишна традиција во Македонија, која датира уште од 50-тите години на минатиот век. Имал свои славни времиња, но и долг период на хибернација. По своето повторно формирање во 2006. година, се повеќе напредува и се развива во нашата држава.
Моментално имаме пет активни клубови и сениорска машка репрезентација, за која може слободно да кажеме дека нема достоен противник, кога се работи за конкуренција или репрезентации кои немаат затворени хокеј арени. За тоа сведочи освоеното злато во ноември минатата година на „IIHF Development Cup“ во Германија.
Едно е сигурно, талент, желба, љубов кон хокејот во Македонија неизмерно има, но тоа што недостига, а години наназад постојано се бара, затворена хокеј арена. Истата ќе овозможи поголема активност, тренинзи, работа, но на крајот и големи резултати и успеси.
Во најновото издание на „Спорт 1“ на „1ТВ“ се третираше темата „До каде е хокејот во Македонија“ со секретарот на хокејарската федерација на Македонија, Љупчо Таруновски и хокејарот на Металург и репрезентативец на Македонија, Кристијан Ташевски.
Меѓудругото, за почетоците на хокејот во Македонија имавме чест да разговараме со скопската легенда и еден од основачите Павле Головски, кој сеуште е активен на лизгалките и во својата осма деценија од животот. Кратки разговори имаме со Томислав Атанасовски, втора генерација хокејари во Македонија и турскиот тренер и потпретседател во македонската хокеј федерација, Ферхат Тозунлер.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.