skip to Main Content

Спорт 1: Ванчо Димовски и Филип Лазаров по повод пласманот на ЕП 2020 (ВИДЕО)

Спорт 1: Ванчо Димовски и Филип Лазаров по повод пласманот на ЕП 2020 (ВИДЕО)
  • 15.06.2019

Сениорската ракометна репрезентација на едно квалификациско коло до крајот го завери пласманот на Европското Првенство 2020, кое за прв пат ќе се одржи во три различни земји, Австрија, Норвешка и Шведска.

Нашиот Национален тим предводен од селекторот Данило Брестовац со гостинската победа над Турција (25:26)  во 5.коло и официјално го потврди петтото по ред учество на европските шампионати. Останува уште последниот натпревар против Грција во Струмица (недела 18.ч) за комлетирање на евро-квалификациите, а Македонија со победа или реми ќе остане на врвот во нашата група, привилегија за втор шешир пред ждрепката која би ни донела полесни противници на ЕП во јануари наредната година.

За квалитетот на овој репрезентативен ростер, за очекувањата и можностите на Македонија во иднина, поранешните репрезентативци Ванчо Димовски и Филип Лазаров дадое свое видување во најновото издание на „Спорт 1“ на 1ТВ.

Back To Top