skip to Main Content

Солскјер со сериозни проблеми пред дуелот со Лестер

Солскјер со сериозни проблеми пред дуелот со Лестер
  • 13.09.2019

Манчестер јунајтед најверојатно нема да може да се потпре на седум фудбалери за својот дуел на домашен терен утре против Лестер. Менаџерот Оле Гунар Солскјер потврди дека Пол Погба, Антони Марсијал и Лук Шоу се цврсто аут. Ерик Баји и Диого Далот исто така веќе некое време се надвор од комбинација, додека Џеси Лингард и Арон Ван-Бисака се под знак прашалник – исто така поради повреди.

„Погба нема да игра, освен ако не се случи некое чудо во текот на ноќта и тој закрепне. Тој не е целосно подготвен да тренира“, вели норвешкиот тренер.

Солскјер ги пофали новите додатоци на Хари Мегваер и Даниел Џејмс.

„Хари е одличен. Тој е лидер и во соблекувалната и на теренот. Сите го гледате тоа. Џејмс, од друга страна, има нешто посебно во својата брзина и секогаш ќе создава ситуации. Тој, исто така, не престанува да работи на својата игра со левата и десната нога, на центар шутевите и на завршните удари. Така Џејмс ќе продолжи да постигнува голови“, смета стратегот на Јунајтед.

Back To Top