skip to Main Content

Скола преговара за изненадувачки трансфер во Европа

Скола преговара за изненадувачки трансфер во Европа
  • 18.09.2019

Луис Скола беше еден од најдобрите играчи на Светското првенство во кошарка во Кина, водејќи ја Аргентина до финалето, но таму загуби од Шпанија. Сега 39-годишниот ветеран ќе треба да се концентрира на своите настапи на клупско ниво, каде може да направи изненадувачки трансфер. Според „Онда Мадрид“, Скола е во преговори со Реал Мадрид, а весникот исто така тврди дека со години бил во фокусот на „белите“, но договорот така никогаш и не се оствари.

Хуан Карлос Санчез, кој е директор на Реал Мадрид, никогаш не ги криел симпатиите за играта на Скола и сакаше да го привлече пред пет години. Имало и контакт меѓу двете страни пред почетокот на Светскиот куп во 2019 година.

Скола играше скоро една деценија во Шпанија, бранејќи ги боите на Басконија (тогашна ТАУ Керамика) помеѓу 1998 и 2007 година, а запоследно се натпреваруваше во кинескиот шампионат. Тој има понуди и од кинеската лига и од родната Аргентина, додека во Шпанија, Басконија има право да одговори на секоја понуда дадена од друг клуб во АЦВ лига.

Олимпискиот шампион од 2004 година го направи своето професионално деби во кошарка во 1995 година. Во моментов има тројца аргентински репрезентативци во Реал Мадрид – Факундо Кампацо, Николас Лапровитола и Габриел Дек.

Back To Top