skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ЈО побара продолжување на притворот на Јанева за нови 30 дена
Калајџиев ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов Јавен обвинител?
Алијанса за Албанците: Режимот ВМРО-ДУИ го монтираше, судовите на СДСМ-ДУИ пресудија, бараме меѓународна истрага за „Диво Насеље“
Македонија ги исполни сите услови – на ред е ЕУ

СЕХА: Вардар денеска ќе се соочи со првиот предизвик во 2019

СЕХА: Вардар денеска ќе се соочи со првиот предизвик во 2019
  • 31.01.2019

По паузата поради Светското првенство, клупскиот ракомет се враќа на програмата. Македонскиот првак, Вардар денеска во Војводина ќе го одигра првиот натпревар во 2019-та, во рамките на 14 коло од СЕХА лигата.

Поголемиот дел од играчите на Роберто Парондо имаа една недела за подготовка пред почетокот на вториот дел од сезоната. Борозан, Горборк, Гедбан и Мораеш, пак сеуште не се подготвени за настап. Дополнителен проблем за „Црвено-црните“ ќе биде одсуството на Игор Карачиќ кој добил неколку слободни денови.

Вардар по 13 одиграни натпревари го зазема второто место на табелата во СЕХА со 11 победи и 2 порази, за разлика од Војводина, на шестата позиција со 5 победи, 7 порази и едно реми. Традицијата е меѓусебниот скор е на страната на Вардар. Од девет одиграни натпревари, македонскиот првак има извојува осум победи, а претпе само еден пораз.

Натпреварот во Нови Сад меѓу Војводина и Вардар се игра од 17.15 часот.

Back To Top