skip to Main Content

Сензација во Париз – Ѓоковиќ загуби од Хачанов

Сензација во Париз – Ѓоковиќ загуби од Хачанов
  • 04.11.2018

Рускиот тенисер Карен Хачанов е освојувач на Мастерсот во Париз откако попладнево направи големо изненадување победувајќи го Србинот Новак Ѓоковиќ.

Хачанов одигра перфектно финале, ги искористи слабостите на фаворитот Ѓоковиќ и дојде до најголемиот успех во својата кариера – пехар на турнирот од серијата 1000.

Во мечот кој траеше 1 час и 37 минути, Хачанов го доби првиот сет со 7-5, а вториот со 6-4, па на тој начин ја прекина серијата од 22 победи на Ѓоковиќ, кој веќе од утре повторно ќе биде на 1.место на АТП листата.

Back To Top