skip to Main Content

Семејството има лажна надеж – италијанска докторка за лечењето на Шумахер

Семејството има лажна надеж – италијанска докторка за лечењето на Шумахер
  • 18.09.2019

Славниот Михаел Шумахер, минатата недела, бил префрлен во болница во Париз на лечење со матични клетки. Германецот тешко ја повредил главата на скијање во француските Алпи во декември 2013 година.

Шест години нема веродостојни информации за здравствената состојба на седумкратниот шампион во Формула 1. Поради тоа големо изненадување претставуваше веста што ја објави „Ле Паризијен“ минатата недела дека Шумахер бил донесен во Париз на лечење со матични клетки.

Италијанските медиуми во врска со ваквиот третман ја контактирале докторката Матилда Леонарди, која била еден од водечките стручњаци на ова поле во земјата. Таа рекла дека терапијата нема да позитивно да влијае врз пациент каков што е Шумахер.

„Не постои терапија со матични клетки која би делувала позитивно кај пациенти кои се минимално свесни, каков што е тоа случај со Шумахер. Инфорамциите што се пласираат даваат само лажна надеж на семејството и на јавноста. Нема податоци кои потврдуваат дека тој наводен третман делува, нема ниту протокол, ниту трагови на експерименти врз пациенти кои се минимално свесни“, рекла Леонарди и дополнила.

„Сум среќавала луѓе кои и домовите ги продавале за да можат да си дозволат пари за ваков третман. Сега имате вести дека и Шумахер е донесен на ваков третман. Тоа може да залаже многу заболени и нивните семејства“, заклучила италијанската докторка.

извор:топспорт.мк

Back To Top