skip to Main Content

Светскиот шампион Полска на колена – Словенија прв финалист

Светскиот шампион Полска на колена – Словенија прв финалист
  • 27.09.2019

Машката одбојкарска репрезентација на Словенија е прв финалист на Европското првенство. Словенците во полуфиналето во арена „Стожице“ во Љубљана го поразија актуелниот светски шампион, Полска со 3:1 (по сетови: 25:23, 24:26, 25:22, 25:23).

Противник на словенечките одбојкари во финалето ќе биде подобриот од мечот Франција – Србија што е закажан за вечерва во 20 часот.

На европскиот шампионат дебитира и македонската репрезентација која не успеа да ја мине групата Ц. „Црвено-жолтите“ забележаа три порази – од Финска (1:3), од Турција (0:3) и од Русија (0:3) и две победи – против Белорусија (3:1) и против Словенија (3:1) што, сепак, не беа доволни за пласман во осминафинале.

Back To Top