skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Османи оптимист дека многу бргу ќе се најде решение за законот за ЈО
Заев: Секој предлог за законот за јавно обвинителство е вреден за внимание
ВМРО-ДПМНЕ достави предлог за законот за ЈО

Сари ќе го предводи Јувентус на натпреварот против Фиорентина

Сари ќе го предводи Јувентус на натпреварот против Фиорентина
  • 11.09.2019

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, ќе биде на клупата за време на натпреварот од третото коло од италијанскиот шампионат против Фиорентина, пишуваат италијанските медиуми.

Претходно, тренерот беше отсутен од натпреварите поради пневмонија. Пред ова, се појави информација дека Сари е излечен од пневмонија и се вратил на работа со тимот.

Болеста му била дијагностицирана кон средината на август. Неодамна, тој водеше тим од дома. Сари го презема Јувентус ова лето, кога во Торино дојде од Челзи.

„Бјанко-нерите“ на стартот од Серија А остварија две победи на два натпревари. Натпреварот Фиорентина – Јувентус ќе се одржи на 14 септември и ќе започне во 15 часот.

Back To Top