skip to Main Content

Санчез негираше дека се обложил кога ќе биде отпуштен Мурињо

Санчез негираше дека се обложил кога ќе биде отпуштен Мурињо
  • 21.12.2018

Откако денеска се појавија информации во „Сан“ дека напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез освоил облог од 20 илјади фунти против клубскиот колега Маркос Рохо за разрешувањето на поранешниот менаџер на тимот, Жозе Мурињо, самиот играч побрза да ја демантира публикацијата.

Санчез постираше на Твитер фотографија на веста во весникот со огромен црвен натпис: „Лага !!!“

– Тоа е лага! Жозе ми даде шанса да играм за најдобриот тим во светот и јас чувствувам кон него само благодарност. Ние сме навистина обединети, напиша тој.вз

This is FALSE!!!. José gave me the chance to play for the best team in the world and I only have gratitude for him. We are a truly United team. We are MANCHESTER UNITED. Respect. I can’t wait to help the team !. Good luck tomorrow family!

Back To Top