Само на 1ТВ: Од 15 часот борба на титаните – Федерер – Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон 2019

Ексклузивно на 1ТВ денеска од 15:00 часот – 133 издание на престижниот Вимблдон по 49 пат ќе ги соочи првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ и легендарниот Роџер Федерер.
Првиот носител и бранител на круната атакува на петтата титула во Лондон против осумкратниот освојувач на неофицијалното светско тениско првенство.
Ѓоковиќ и Федерер по трет пат во кариерата ќе играат еден против друг во финалето на Вимблдон.
Србинот победи во 2015 и 2014 година а има 26 триумфи против Швајцарецот по 48 мечеви.
Гледајте го финалето на Вимблдон – само на 1ТВ.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.